Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    Започна регионалниот форум за управување со отпад: основите се поставени, следува нова фаза во реформите

    Започна Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, кој се одржува во клучен момент за реформите во управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

    29 април 2026
    Започна регионалниот форум за управување со отпад: основите се поставени, следува нова фаза во реформите

    Форумот го отвори амбасадорот на Шведска, Ола Сулстром, а воведни обраќања имаа Ане Лашкоска, заменик-министерка за животна средина и просторно планирање, Златко Перински, министер за локална самоуправа, Душица Перишиќ, извршна директорка на ЗЕЛС и Рајан Нокс, извршен директор на SALAR International. Форумот се одржува во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, во соработка со Министерството за животна средина и просторно планирање, Министерството за локална самоуправа и ЗЕЛС.

    Форумот доаѓа како продолжение на веќе воспоставените процеси и постигнатите резултати, меѓу кои и формирањето на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, како клучен механизам за координација и заедничко одлучување на општините. Воедно, кај тековните локални акциски планови напредокот е веќе видлив - 32% од активностите се целосно реализирани, 45% се во тек, а 23% се во подготовка. Во исто време, зголемената активна улога на општините, зајакнатата институционална координација и поддршката од меѓународните партнери создаваат поволни услови за понатамошно засилување на реформите. Основите се веќе поставени, а фокусот се префрла кон следната фаза.

    Токму во овој контекст, форумот ги обединува клучните чинители за да се дефинираат следните чекори поврзани со стратешките и оперативните аспекти на воспоставување функционален РСУО кој е препознаен како клучен проект кој ќе донесе значајни промени. Во фокус ќе се новиот циклус на регионалното планирање кое ќе се работи паралелно со спроведување на тековните локални акциски планови, понатаму инвестициите во инфраструктурата, институционалната координација, подобрувањето на оперативноста и градењето доверба преку вклучување на јавноста.

    Што се однесува до новиот Регионален план за управување со отпад за двата региони (2027–2032), кој ќе се изработи во наредниот период од страна на општините со поддршка од SALAR International, истиот ќе служи како практична алатка за преточување на стратешките цели во конкретни и временски дефинирани активности. Тој е клучен за понатамошна имплементација на РСУО и ќе овозможи поефикасна координација, подобро користење на ресурсите и постепено воспоставување на модерен систем усогласен со европските стандарди, кој ќе обезбеди поквалитетни услуги и почиста животна средина за граѓаните.

    Сподели ја оваа вест: