
Новости
На оваа страница ќе најдете повеќе информации за актуелностите, активностите, настаните и иницијативите поврзани со управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион за брз и јасен преглед на процесите и унапредувањето на системот за регионално управување со отпад.

Се одржа втората работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

Во Прилеп официјално пуштено во употреба ново Собирно место за селекција и одлагање на отпад

Амбасадорот на Кралството Шведска во посета на Прилеп: Градот станува пример за современо управување со отпад

Рајан Нокс за МИА: Регионалниот модел го трансформира управувањето со отпад од низа од парцијални локални решенија во модерна јавна услуга

Се одржа првата работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

Лансирана веб платформата „Регион без отпад“ – нова дигитална алатка за управување со податоци, транспарентност и практични решенија за управување со отпад

Отпадот како сериозен предизвик: Регионалните центри како решение
Управувањето со отпадот станува сè поголем и посериозен проблем за општините во Македонија. За жал, ниту една депонија кај нас, освен во одредени места како Дрисла во Скопје и депонијата во Гевгелија, не исполнува ниту еден потребен стандард.Загадување, непријатна миризба, депонии кои постојано горат, ова е сликата на многу места во Македонија.

Функционален систем за управување со отпад е возможен, но бара јасна визија, партнерство и доследна имплементација
Регионалната координација и инвестициите во инфраструктура беа во фокусот на првиот панел од Регионалниот форум за управување со отпад, посветен на градењето функционален систем во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Започна регионалниот форум за управување со отпад: основите се поставени, следува нова фаза во реформите
Започна Регионалниот форум за управување со отпад „Заедно за регион без отпад: кон функционален и одржлив регионален систем“, кој се одржува во клучен момент за реформите во управувањето со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Силни институции и активно вклучување на граѓаните - предуслови за одржлив систем за управување со отпад
Оперативното функционирање на системот, подготвеноста на јавните комунални претпријатија и вклученоста на граѓаните беа во фокусот на вториот панел на Регионалниот форум за управување со отпад.

Панел дискусија во Ресен: Одржливото управување со отпад побарува системски пристап, координација и соработка
Преспанскиот регион се наоѓа во нова фаза на унапредување на системот за управување со отпад.

Отпадот од пакување е суштински дел од пошироката заложба за одржлив развој, циркуларна економија и усогласување со стандардите на ЕУ

Отворен дијалог со граѓанските организации за регионалниот систем за управување со отпад
Со отворен и динамичен разговор, размена на ставови и јасна порака дека одржливите решенија се возможни единствено преку соработка, вчера (29 јануари 2026г.) во Офицерскиот дом во Битола се одржа информативна и консултативна средба со граѓански организации од Пелагонискиот и Југозападниот регион, посветена на теми врзани со воспоставувањето на Регионалниот систем за управување со отпад (РСУО).

Прва седница на одборот за управување со отпад во Пелагонискиот и Југозападниот регион
Денес во Битола се одржа првата работна седница на Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, со што започна оперативната фаза и исполнувањето на обврските на регионалниот систем за управување со отпад.

Доделување на опрема за управување со отпад на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион
Денеска во Битола беше промовирана и доделена дел од предвидената опрема за управување со отпад (возила и контејнери/канти) за општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.

Формиран Меѓуопштински одбор за управување со отпад за Пелагонискиот регион
Општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион денес, во Скопје, одржаа конститутивна седница и официјално го формираа Меѓуопштинскиот одбор за управување со отпад (МОУО)..

Пелагонија и Југозапад се посветени на формирање модерен и одржлив систем за управување со отпад
Вечерва, се одржа свечен прием во Скопје, на кој присуствуваа заменик-министерката за животна средина и просторно планирање, Ане Лашкоска, министерот за локална самоуправа, Златко Перински, директорката на ЗЕЛС Душица Перишиќ и градоначалниците на општините од Пелагонискиот и Југозападниот регион.
„Чисто е убаво - Охрид селектира“ - Голем интерес и одлична посета на pop-up настанот
Градскиот плоштад во Охрид вчера беше исполнет со музика, позитивна енергија и детска смеа, откако стотици граѓани се приклучија на pop-up настанот „Чисто е убаво - Охрид селектира“, организиран од ЈП „Охридски Комуналец“ и Општина Охрид со поддршка од Шведска преку SALAR International.

Охрид селектира: „Чисто е убаво!“ - заедничка акција за почист и поодржлив град
Охрид прави важен чекор кон поодржлива иднина. Под мотото „Чисто е убаво – Селектирај“, Општина Охрид и ЈП „Охридски Комуналец“ со поддршка од Шведска преку SALAR International и проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“ ја започнуваат новата иницијатива за селекција на отпад во туристичкиот и угостителскиот сектор.