Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    Се одржа првата работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

    30 април 2026
    Се одржа првата работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

    По завршувањето на Регионалниот форум за управување со отпад во Скопје, на 29 и 20 април 2026г., се одржа и работниот дел од настанот посветен на подготовката на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион за периодот 2027–2032.

    На работилницата учествуваа претставниците на општините и јавните комунални претпријатија, членови на работните групи за управување со отпад, а во фокус беа дискусиите врзани со резултатите од досегашната имплементација на РПУО, предизвиците со кои се соочуваат општините и приоритетите за следниот шестгодишен период. Посебен акцент беше ставен на потребата новиот план да биде практичен, остварлив и усогласен со реалните потреби и капацитети на општините.

    Во текот на првиот ден од работилницата беше претставена и методологијата за подготовка на новиот РПУО, која предвидува активна вклученост на општините, транспарентен процес и планирање базирано на податоци. Дополнително, беше презентирана и веб-платформата „Регион без отпад“, која ќе служи како централизирана алатка за пристап до информации, следење на состојбите и поддршка на процесот на донесување одлуки.

    Вториот работен ден од работилницата беше посветен на дефинирање на визијата и приоритетите на новиот регионален план, преку заедничка работа и координација помеѓу сите засегнати страни. Целта е да се постави основа за модерен, функционален и одржлив регионален систем за управување со отпад, кој ќе обезбеди поквалитетни услуги и почиста животна средина за граѓаните.

    Процесот се реализира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска, имплементиран од SALAR International, и има за цел да обезбеди координиран, инклузивен и практичен пристап во воспоставувањето на функционален и одржлив регионален систем за управување со отпад.

    Сподели ја оваа вест: