Region Without Waste
Нашата приказнаРСУОМОУОНовостиИндикатори за отпадРесурсиНастани
    Region Without Waste
    Нашата приказнаРСУОМОУОИндикатори за отпад
    Партнерски порталКонтактНовостиРесурси
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo
    Partner Logo

    Salar International не може да ја гарантира точноста на податоците и информациите кои се презентирани на оваа платформа. Комплетноста и точноста на сите податоци и информации зависат од изворите на истите, кои се надвор од контролата на организацијата.

    Почетна/Новости

    Се одржа втората работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

    14 мај 2026
    Се одржа втората работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад за Пелагонискиот и Југозападниот регион

    Во Охрид и Крушево, на 12 и 13 мај 2026 година, се одржа втората работилница за подготовка на новиот Регионален план за управување со отпад (РПУО) за Пелагонискиот и Југозападниот регион, на која учествуваа претставници од сите 18 општини од двата региона.

    Работилницата претставува продолжение на процесот за подготовка на новиот РПУО 2027–2032 и беше посветена на дефинирање на конкретните активности што треба да ја водат следната фаза од реформите во управувањето со отпад, базирани на веќе утврдените визија и приоритети на планот.

    Во текот на работата, учесниците работеа на развој на практични и остварливи активности во рамки на РПУО, а паралелно се отворија и дискусии за тоа како регионалните цели ќе се преточат во конкретни локални активности преку новите локални акциски планови.

    Процесот се реализира во рамки на проектот „Одржливо управување со отпад на локално ниво“, финансиран од Шведска и имплементиран од SALAR International, и има за цел да обезбеди координиран, инклузивен и практичен пристап во воспоставувањето на функционален и одржлив регионален систем за управување со отпад.

    Сподели ја оваа вест: